Мане е во очај, ни самиот не знае што му е

Англискиот гигант Ливерпул е во опасност  да не избори место во Лигата на шампиони за следната сезона. Тимот кој минатата сезона на доминантен начин стигна до титулата во Премиер лигата, сега игра многу послабо и е со надеж да стигне до четвртото место на табелата.

Како една од причините за слабите резултати на Ливерпул е лошата игра на една од најголемите ѕвезди во тимот, Садио Мане. Дека нешто не е во ред со Мане откри и тренерот Јирген Клоп, кој рече „Мане не е добар“.

Откако е дојден во Ливерпул во 2016 година, Мане никогаш нема постигнато помалку погодоци. Дури и самиот фудбалер изјави дека го игра најлошиот фудбал во кариерата.

„Морам да признам дека оваа сезона ми е најлоша во кариерата. Ако ме прашате што ми се случува, тешко е да дадам одговор. Правев тестови, анализи на телото,гледав дали треба да променам нешто во исхраната. Анализите и тестовите покажаа дека се е во ред. Треба да сфатиме дека во животот има успони и падови. Ќе продолжам да работам и да бидам подобар“, рече Мане.

За тоа каква сезона имаше Мане покажуава и статистиката. Во сезоната кога Ливерпул стана европски првак, Мане даде 22 гола во Премиер лигата, а во сезоната кога шампионската титула од Премиерлигата пристигна на „Енфилд Роуд“, Сане даде 18 погодоци. Оваа сезона има дадено само 14 погодоци и тоа во сите натпреварувања, додека во претходните две сезони таа бројка изнесуваше дури 46 гола.

 

- Оглас -

Најнови вести