Мане и Салах во 2:22 минути го решија Челзи, Ливерпул повторно на врвот

Ливерпул го доби дербито од 34-тото коло во Премиер лигата со сигурна победа над Челзи со 2-0. Избраниците на Јирген Клоп ја поминаа последната тешка пречка во англискиот шампионат и повторно се најдоа на врвот на табелата пред актуелниот првак Манчестер сити.

По мирното прво полувреме, домаќините имаа фуриозен влез во вториот дел и за две минути поведоа со 2-0. Мане во 51-та минута ги израдува навивачите на Ливерпул, но вистинска ерупција на „Енфлид“ предизвика Мо Салах со прекрасниот погодок само две минути подоцна.

Возбудувањата не застанаа таму. Челзи можеше експресно да се врати во игра, но Азар не го посака топката во два наврати на точно еден час во средбата. Прво го погоди дирекот, а потоа Алисон со одлична интервенција го спречи Белгиецот да ја затресе мрежата.

Ливерпул со оваа победа се врати на чело на табелата со 85 бода, имаат два бода повеќе од Сити кои имаат и натпревар помалку. За Челзи ова беше осми овосезонски пораз во англискиот шампионат, но останаа на четвртото место со 66 бода.

- Оглас -

Најнови вести