Мане објасни дека морал да го послуша „гласот“ на сенегалскиот народ и да им ја исполни желбата

Напаѓачот на Ливерпул, Садио Мане дефинитивно ќе си замине од „Енфилд роуд“ ова лето. Негова следна дестинација најверојатно ќе биде Баерн Минхен, а германскиот првак треба да плати околу 40 милиони евра за откупување на договорот од Ливерпул.

Мане објасни дека една од причините поради кои тој си оди од Ливерпул е и желбата на сенегалскиот народ да го смени клубот.

„Поголемиот дел од народот во Сенегал сака да си заминам од Ливерпул? Ќе им ја исполнам желбата и ќе го направам тоа што го бараат од мене. Како и многумина, така и јас сум постојано присутен на социјалните мрежи и гледам дека 60 до 70 отсто од навивачите сакаат да си одам“, рече Мане додека е на собир со националниот тим.

Мане кој има 30 години, има уште една година од договорот со Ливерпул, но по завршување на финалето во Лигата на шампиони, кога англискиот тим загуби од Реал Мадрид, Сенегалецот се прости од фановите на Црвените.

Мане дојде во Ливерпул во 2016 година од Саутемптон за трансфер вреден 41 милиони евра. Во 269 меча за гигантот од „Енфилд роуд“ одигра 269 меча во кои постигна 120 погодоци, а имаше и 48 асистенции. Со Ливерпул се радуваше на титула во Премиер лигата и во Лигата на шампиони, а освои и трофеи во англиските Купови.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести