Мане пристигна во Минхен, Баерн добива играч од врвна класа (Видео)

Садио Мане изненади многумина со одлуката дека по шест години поминати на „Енфилд роуд“ во Ливерпул, е дојдено време да најде нов предизвик во кариерата. Сенегалскиот репрезентативец го одбра Минхен за негова нова дестинација, а ќе го облече дресот на Баерн.

Најтрофејниот германски клуб треба да плати 35 милиони евра на Ливерпул за комплетирање на овој трансфер. Мане утрово пристигна во Минхен, каде што треба да ги направи стандардните лекарски прегледи.

https://twitter.com/i/status/1539181404986155008

Мане треба да биде замена за Роберт Левандовски, кој најави дека ќе си оди од Баерн, а Полјакот се очекува во овој преоден рок да потпише за Барселона.

 

- Оглас -

Најнови вести