Мане синоќа се повреди, познато е дали ќе биде подготвен за Мундијалот во Катар

Сенегалскиот голгетер Садио Мане одигра само 18 минути на дуелот против Вердер Бремен, а потоа поради повреда мораше да го напушти мечот. Оваа повреда ги загрижи сите љубители на фудбалот, посебно оние кои се фанови на Сенегал, селекција која ќе биде дел од Светското првенство во Катар.

Мане од теренот во Минхен си замина со поткривнување на едната нога и сите со нетрпение чекаа да видат каква е прогнозата околу повредата.

Првото инфо околу повредата на Мане го даде помошник-тренерот на Баерн Минхен, Дино Топмелер, и тоа беа убави вести.

„Мане доби удар во ногата што предизвикал полесно вклештување на нервите. Не е ништо сериозно и неговиот настап на Светското првенство во Катар не е доведен во прашање“, откри Топмелер.

Ман треба да ја носи капитенската лента во дресот на Сенегал, а првиот меч ќе го игра против Холандија на 21 ноември. Во групата со Сенегал се уште и селекциите на домаќинот Катар и на Еквадор.

- Оглас -

Најнови вести