Мане веќе им кажал на соиграчите дека заминува, Баерн го чека како големо засилување

Садио Мане веќе им соопштил на соиграчите од Ливерпул дека ќе си замине веќе ова лето, објавија англиските медиуми.

Простувањето се случило по финалето во Лигата на шампионите што вчера Ливерпул го загуби со 0:1 од Реал Мадрид.

Мане има уште една година од актуелниот договор со Црвените, но ќе си замине и веројатно ќе игра за германскито гигант Баерн Минхен.

Ливерпул веќе му бара замена на Сенегалецот, а за Мане бара отштета од 30 милиони евра.

Сега останува Баерн да одговори и да ја плати отшетата за да го донесе одличниот напаѓач во своите редови.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести