Мане: Заминувањето од Ливерпул ми е најдобра одлука во животот

Садио Мане по втор пат во кариерата беше прогласен за најдобар фудбалер од Африка и оваа награда е сосема заслужена ако се знае дека со Сенегал стана континентален првак, а со Ливерпул играше во финалето на Лигата на шампиони.

Докажаниот голгетер летово реши дека е време да ја смени средината, па од Ливерпул направи трансфер во Баерн Минхен.

„Минатата година решив да го напуштам Ливерпул затоа што имав потреба од нов предизвик. За мене тоа беше вистински момент да си заминам. Уште пред една година му реков на тренерот дека сакам да си заминам. Поминав осум прекрасни години во Премиер лигата, од кои шест беа прекрасни во Ливерпул. Одлуката да си заминам воопшто не беше лесна, но во животот понекогаш треба да се донесат и такви одлуки, а според мене ова е моето најдобро решение во кариерата. Можам да кажам дека освоив сè со Ливепрул, а во моментов сум во еден од најдобрите клубови и среќен сум што потпишав за Баерн Минхен. Едвај чекам да започне сезоната“, вели Мане кој даде 111 погодоци во 263 меча во Премиер лигата.

- Оглас -

Најнови вести