Мангуп на денот: Крул на шишето за вода ја имаше запишано тајната за одбранетите пенали (Видео+Фото)

Кризата во екипата на Тотенхем продолжи откако лондонскиот тим синоќа беше елиминиран во ФА купот од Норвич. Иако играше на свој терен, а имаше и водство од 1:0, Тотенхем на крајот загуби во пенал-рулетот. Норвич најпрво стигна до 1:1, а потоа се избори и за играње на пенали, каде што главната улога ја имаше голманот на гостите, Тим Крул.

Холанскиот чувар на мрежата е познат како добар кога се работи за бранење на пеналите. Крул едноставно беше подготвен за пенали и добро имаше анализирано каде најчесто шутираат играчите на Тотенхем. На шишето за вода Крул имаше залепено ливче на кое беа испишани имињата на изведувачите на Тотенхем и страната на која најчесто шутираат.

На крајот тоа му се исплатеше затоа што успеа да одбрани два пенали, а еден шут на домаќините заврши во пречката. На крајот Норвич се радуваше на пласман во следната фаза од ФА купот, а играчите на Тотенхем останаа разочарани на свој терен. Ерик Дајер дури влезе на трибината каде што беа домашните фанови и сакаше да се тепа со еден од нив кој постојано ги навредуваше фудбалерите на Тотенхем.

https://twitter.com/i/status/1235460949315854336

 

- Оглас -

Најнови вести