Мангупска финта го збуни и го нокаутира шампионот Зенит – Слободен удар во Русија каков што не сте виделе (Видео)

Фудбалерите на Аланија од Владикавказ приредија огромна сензација во Рускиот куп со елиминација на актуелниот првак Зенит, а голот што им помогна да приредат изненадување беше фантастичен, од слободен удар, што беше мангупски подготвен и изведен во 92-рата минута.

Сите играчи на домашниот тим што беа во живиот ѕид, оддеднаш се повлекоа, а притоа и го сменија изведувачот на слободниот удар, па Николај Џоргобјани шутираше и мајсторски погоди за 2:2.

Следуваше драматична пенал-серија од по 7 удари, а играчите на Аланија беа попрецизни од гостите и славеа со 6:5 по ударите од белата точка.

Аланија се пласира во полуфиналето на Рускиот куп заедно со уште еден второлигаш, Јенисеј, и двата клуба од Москва, Динамо и Спартак.

 

- Оглас -

Најнови вести