Манкосу знае кога да погоди – Мајсторски ги тресе мрежите на гигантите (Видео)

Марко Манкосу по цели десет години повторно игра сезона во Серија А, а 31-годишниот играч од средниот ред знае кога да погоди.

Денеска од слободен удар постигна велемајсторски гол за победа на Лече против вицешампионот Наполи, а и претходно погодуваше против гигантите Јувентус и Интер.

Манкосу го постигна третиот погодок за Лече денеска на „Сан Паоло“ во сензационалната победа на аустајдерот против Наполи со 3:2.

https://www.youtube.com/watch?v=LpdJ3E8Op9c

Преходно со по еден гол му донесе по бод на Лече на дуелите со великаните на италијанскиот фудбал Јувентус и Интер. Вкупно сезонава постигна 7 голови во кам-бекот во Серија А.

Пред оваа сезона Манкосу како фудбалер на Калјари играше во Калчото од 2006 до 2009 година.

- Оглас -

Најнови вести