Марадона е најпознатиот фудбалер кој заиграл за Тотенхем (Видео)

Англискиот премиерлигаш Тотенхем направи историски успех и за првпат ќе игра во финалето на Лигата на шампионите откако синоќа го елиминираше Ајакс на гости победувајќи го со 3-2. За Тотенхем ова нема да биде прва шанса за европски трофеј.

Во 1963 година Тотенхем го освои првиот европски пехар, и тоа во Купот на купот победниците. Потоа двапати се радуваше и во Купот на УЕФА. Првиот пат тоа го направија во 1972 година, а потоа тој успех го повторија и во 1984 година. Во англиски рамки имаат две титули во првенството (1951 и 1961), а ФА купот го освојувале осум пати.

Тоа што е можеби малку познато е дека најпознатиот играч кој некогаш го носел дресот на Тотенхем е Диего Армандо Марадона. Легендарниот Аргентинец има еден меч за Тотенхем, и тоа на пријателски меч во 1986 година против Интер. Освен Марадона, за Тотенхем имаат играно и Гари Линекер, Јирген Клинсман, Пол Гаскоњ, Глен Ходл, Теди Шерингам, Давид Жинола…

За тоа како играше Марадона во дресот на Тотенхем, можете да видите на следното видео.

- Оглас -

Најнови вести