Марадона: Јас сум вистинскиот човек за тренер на Манчестер јунајтед

Доколку ми биде дадена шанса, би ги вратил славните денови на Манчестер јунајтед, тврди Диего Марадона. Поради контроверзниот карактер на Марадона, честопати изјавите на еден од најдобрите фудбалери на сите времиња не се сфаќаат сериозно, а сега Аргентинецот предизвика големо внимание во медиумите.

Марадона во моментов работи како тренер на мексиканскиот второлигаш Дорадос, а на клупата на Јунајтед е Оле Гунар Солскјер, кој е поранешен член на „црвените ѓаволи“.

„Ако на Манчестер јунајтед му треба нов тренер, тука сум. Јас сум вистинскиот човек за нив. Знам дека продаваат многу дресови низ светот, но на клубот му се потребни и нови трофеи. Јас можам да им донесам титули. Од сегашниот тим ми се допаѓа Андер Ерера, додека Погба не се труди доволно. Пред 35 години сум играл на ’Олд Трафорд’, атмосферата беше гласна како на ’Ла Бомбонера’ во Буенос Аирес“, изјави Марадона, чија најмлада ќерка беше омажена со ѕвездата на Манчестер сити, Серхио Агуеро.

Марадона порано навивал за Јунајтед, а сега омилен англиски тим му е Манчестер сити, за којшто игра неговиот поранешен зет со кого се во одлични односи.

 

- Оглас -

Најнови вести