Марадона ќе биде погребан уште вечерва

Погребот на Диего Армандо Марадона ќе се одвива уште вечерва, а не во сабота, како што првично беше планирано. По барање на семејството, Марадона во 20 часот по централноевропско време ќе биде погребан на приватни гробишта кои се оддалечени на 35 километри од Буенос Аирес.

Телото на Марадона ќе биде поставено до неговата мајка Дона Тота, која почина во 2011 година, како и до татко му Диего. Ковчегот на аргентинската фудбалска икона требаше три дена да биде изложен во претседателската палата Каса Росада, каде што денес илјадници негови фанови се собраа да му оддадат почит.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести