Марадона остави 62 рози на гробот на Дражен Петровиќ, зошто баш толку?

Диего Армандо Марадона ја обожувал Хрватска,и ќерката Далма ја крстил по областа Далмација на хрватското приморје, а во 1994 година, кога беше во Загреб за да игра пријателски меч за Аргентина против Коцкестите, во друштво на неговиот пријател и соиграч од Севилја, Давор Шукер, и мајката на Дражен, Бисерка Петровиќ, го посети гробот на најголемиот хрватски кошаркар, кој загина во јуни 1993 година.

Марадона беше четири години постар од Петровиќ, но двајцата беа планетарни суперѕвезди во своите спортови, и имаа голем респект еден за друг.

Марадона на гробот на Дражен остави точно 62 рози, но бројката не е случајна, туку имаше симболика. Токму толку поени даде Дражен во дресот на Реал Мадрид против Казерта, во финалето на Купот на куповите во 1989 година.

„Ако постои некој што не знае колку поени даде Дражен против Казерта, срам да му е“, рекол тогаш Марадона, а на мајката Бисерка ѝ рекол дека не треба да биде тажна бидејќи Дражен ќе живее вечно.

 

- Оглас -

Најнови вести