Марадона повторно е тренер – ќе работи во елитната лига на Аргентина

Диего Армандо Марадона повторно ќе биде дел од фудбалот во Аргентина. Еден од најдобрите играчи на сите времиња е нов тренер на екипата на Гимнасија. Тоа е клубот кој е на последното место во аргентинското првенство и единствен што по пет кола нема ниту една победа.

Гимнасија има дадено само два гола во пет меча, а Марадона ќе има тешка задача, да го спаси тимот од испаѓање. Легендарниот Марадона нема работено во Аргентина уште од неуспехот како селектор на Светското првенство во 2010 година. Сега, по речиси една деценија, повторно ќе биде активен во земјата.

Договорот на Марадона со тимот од Ла Плата е до јуни 2020 година. Дебито во новиот тим ќе го има на 15 септември, кога Гиманија на свој терен ќе игра против Расинг Клуб, кој досега освои шест бодови.

 

 

- Оглас -

Најнови вести