Марадона се враќа во Шпанија за да биде тренер?

Диего Армандо Марадона може повторно да се врати во шпанскиот фудбал, и тоа како тренер. Шпекулациите се дека тој би можел да биде тренер во второлигашот Елче.

Главната врска за доаѓање во Елче е неговиот фудбалски агент Кристијан Брагарник кој сака да го купи 50 отсто од акциите на овој клуб.

Во моментов, Марадона е тренер во аргентинскиот прволигаш Гимназија Ла Плата. Пред една недела тој си замина од клубот, но по молба на навивачите, се врати и засега останува тренер во овој аргентински тим кој се бори за опстанок во елитната аргентинска лига.

Марадона беше дел од шпанскиот фудбал како фудбалер на Севилја и Барселона, а посебно блескаше во дресот на каталонскиот гигант.

 

- Оглас -

Најнови вести