Маракана го менува името и тоа во чест на најдобриот бразилски фудбалер на сите времиња

Најпознатиот стадион во светот, легендарната „Маракана“ во Рио де Жанеиро ќе добие ново име и во иднина ќе се вика „Стадион Едсон Арантес до Насименто – Реи Пеле“. Одлуката за промена на името на стадионот ја донесоа властите во сојузната држана Рио де Жанеиро , а за да стане таа официјална, мора да добие потврда и од гувернерот на државата.

„Тоа е достојна почит кон човекот кој го задолжи бразилскиот фудбал и кој по фудбалската кариера служеше на својата земја“, рече парламентарецот кој ја даде идејата за промена на името на стадионот.

Пеле има 80 години и неодамна на прими вакцината против Коронавирусот. Тој е фудбалерот кој во дресот на бразилската репрезентација освои три светски титули, а на Маракана одигра голем број мечеви. Токму на легендарниот стадион, Пеле го даде јубилејниот 1.000-ти погодок во кариерата во далечната 1969 година.

Досегашното официјално име на „Маракана“ беше „Стадион Марио Филјо“ во чест на новинарот кој лобираше за негова изградба. На легендарниот стадион се одиграни финалињата на Светските првенства во 1950 и 2014 година, а таму се отворија и Олимписките игри во 2014 година.

- Оглас -

Најнови вести