Мареј се врати, во топ-форма е и пак ќе игра за титула по шест месеци пауза

Енди Мареј потсетува на славните денови кога освојуваше и гренслем титули и по пауза од шест месеци ќе игра во финале на тениски турнир.

Денеска во Штутгарт лесно го победи Ник Кирјос со 2:0 во сетови и утре ќе игра против вториот носител Матео Беретини за пехар.

Интересно е што и Беретини игра по подолг период на тениските турнири, бидејќи паузираше поради повреда, па финалето ќе биде меч за титула на двајца повратници на тениските терени.

Мареј направи подвиг во четвртфиналето со елиминација на првиот носител Стефанос Циципас, што му е прва победа против тенисер од Топ-5 на АТП листата во последните шест години.

Последно финале за трикратниот гренслем шампион, кој веќе има 35 години беше на турнирот во Сиднеј во јануари оваа година, но тогаш Карацев победи со 2:0 во сетови.

За Британецот ова е 70-то финале во кариерата и ќе игра за 47-та АТП титула.

- Оглас -

Најнови вести