Челзи е само една од двете максимални екипи во Конференциската лига, а во четврток го очекува далечно гостување во Казахстан, против екипата на Астана. Избраниците на Енцо Мареска ги очекува авионски лет од осум часа, но и комплетно различни временски услови, па британските медиуми очекуваат дека Италијанецот ќе користи комплетно две постави за дуелите против Астана во Конференциската лига и против Брентфорд во Премиер лигата.
„Никогаш не се знае бидејќи оние што ќе играат утре ќе мора добро да тренираат. Не знам дали некој од играчите што ќе игра против Астана ќе ни биде потребен и за во недела. Би сакал да не моравме да се вратиме дома во петок, во шест наутро, тоа не е нормално за фудбалерите кои во недела имаат нов меч. Веќе имам кажано, натпреварите и титулите не се добиваат само со давање голови, потребно е и добро да се браниме“, рече Мареска.