Марез и Лапорт од Манчестер сити позитивни на ковид-19

Манчестер сити потврди два позитивни случаи на ковид-19 во своите редови, заразените се Ријад Марез и Ајмерик Лапорт. Двете ѕвезди на Граѓаните веќе се сместени во домашна изолација, од каде што ќе се следи нивната состојба во претстојниот период.

Корона-вирусот му прави проблеми на англискиот вицепрвак на пет дена пред стартот на новата сезона во Премиер лигата. Сити нема да го одигра редовното прво коло поради што доби неколку дена одмор, плус поради учеството во Лигата на шампионите, па дуелот со Астон вила засега нема датум.

Марез и Лапорт може да закрепнат до 22 септември, за кога е закажана пресметката против Вулверхемптон во рамките од второто коло.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести