Марез најдобро почувствува како изгледа кога Гвардиола ќе збесне (Видео)

Манчестер сити беше најрасположен за голови во првото коло од Лигата на шампионите и со убедливи 6:3 славеше над Лајпциг. И покрај шесте голови, тренерот на Сити, Пеп Гвардиола, беше незадоволен од тоа како неговиот тим игра во дефанзивата.

Шпанскиот стратег посебно беше лут на Ријад Марез и Џек Грилиш, играчи од средниот ред кои треба да помагаат и во дефанзивните задачи. Со Марез, Гвардиола имаше посебно жесток разговор во средината на второто полувреме.

„Разговаравме за тоа што треба да променат во начинот на игра, а тие тоа не го направија. Многу се налутив. Лајпциг е добар тим и затоа мора постојано да се биде внимателен“, ја објасни Гвардиола реакцијата која ја имаше упатено кон Марез.

 

- Оглас -

Најнови вести