Ријад Марез во една емисија на „Скај спорт“ случајно откри дека неговиот соиграч Фернандињо на крајот од сезоната ќе си замине од Манчестер сити. Марез и токму Фернандињо беа дел од еден квиз и на прашањето кој играч сигурно ќе си оди од клубот на крајот од сезоната, Марез како „од пушка“ даде одговор.
„Давид Силва и Фернандињо“, рече Марез. За Давид Силва уште пред неколку месеци се знае дека ова е неговата последна сезона, но за Фернандињо немаше никакви најави дека ќе си оди. Кога Марез го спомна името на Фернандињо, Бразилецот ја стави раката врз устата и се насмевна.
Фернандињо дојде во Сити во 2013 година, и тоа за 40 милиони евра од украински Шахтар. Оттогаш одигра 292 меча и даде 23 погодоци. Бразилецот сезонава е стандарден во тимот на Пеп Гвардиола и веќе има 19 настапи во сите натпреварувања.
https://twitter.com/City_Chief/status/1209405429689802752