Големи попусти во Sport Life маркетот, со дрес подобро се навива за Македонија и РК Вардар

Следниве денови во центарот на спортското внимание кај нас ќе бидат настапот на ракометниот клуб Вардар на финалниот турнир во Лигата на шампионите, и квалификациите за ЕП 2020 на фудбалската репрезентација на Македонија.
Ракометарите в сабота против Барселона го играат полуфиналето на Ф4 турнирот во Келн, фудбалерите на 7 јуни играат со силната Полска која во нападот ги има Роберт Левандовски и Кжиштоф Пјонтек. 
За сите обложувачи во Sport Life обложувалниците, од денеска, па до 10 јуни има голем попуст. Од 28 мај до 10 јуни, ќе има промоција на SL маркетот, а во понудата има попусти на дресови. Така, дрес на ракометниот клуб Вардар наместо за 120.000 поени, може да го добиете за 95.000 поени на Sport Life картичката. Дрес на фудбалската репрезентација кој вреди 178.400 поени, со промоцијата го добивате за 150.000 поени. Ова е единствена можност да се снабдите со официјален фудбалски дрес од ФФМ ви нуди Sport Life маркетот.

 

ПОЧНУВА НАЈВАЖНИОТ ДЕЛ ЗА ВАРДАР ВО ЛИГАТА НА ШАМПИОНИТЕ
Пред фудбалските квалификации за ЕП 2020, в сабота во центарот на вниманието ќе биде најважниот дел од Лигата на шампионите за ракометарите на Вардар. „Црвено-црните“ ќе се обидат да ги повторат подвигот од преклани кога станаа европски прваци и истотака играа со Барса во полуфиналето. Со попустот во Sport Life маркетот, ракометниот дрес од Вардар наместо 120.000 поени, од денеска, па до 10 јуни ќе може да го добиете за 95.000 поени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

1 КОМЕНТАР

Коментарите се затворени.

- Оглас -

Најнови вести