Манчестер сити официјално го објави трансферот на централниот дефанзивец на Кристал Палас и англиската репрезентација, Марк Гехи.
Досегашниот капитен на Палас, беше на работ на трансфер во Ливерпул ова лето, а беше претставен попладнево како второто големо засилување на Манчестер сити во зимскиот преоден рок по Антоан Семењо.
Англискиот репрезентативец и еден од најдобрите стопери во Премиер лигата потпиша договор со Граѓаните до летото 2031 година.
„Навистина сум среќен и неверојатно горд што станав играч на Манчестер сити. Овој трансфер е кулминација на напорна работа што ме следеше во текот на целата моја кариера. Дојдов во најдобриот клуб во Англија и станав дел од неверојатен тим. Навистина е убаво“, рече Гехи.

