Марк Кјубан: На луѓето им треба спорт, НБА може да продолжи во мај (Видео)

Марк Кјубан е оптимист и очекува НБА-лигата да продолжи во средината на мај. Во интервју преку скајп сопственикот на Далас маверикс вели дека на луѓето им треба спорт за да ги прегрмат полесно тешките предизвици во битката со Коронавирусот.

„Никој нема точна информација во моментов и одлуките во вакви времиња се тешки и неизвесни. Луѓето сакаат спорт, тоа ги развеселува, го враќа духот, оптимизмот, па и јас ќе бидам оптимист со проценката дека повторно НБСА ќе се игра од средината на мај. Во вакви моменти ни треба да се натпреваруваме, иако можеби тоа ќе биде без присуство на публика во салите. Доволно ќе биде да ги има натпреварите на телевизија, а НБА има капацитет да овозможи безбедни услови за кошаркарите и сите што се вклучени во најдобрата лига на светот“, изјави Кјубан.

Шампионатот во НБА-лигата беше прекинат на мошне невообичаен начин, во ноќта во која беше објавено дека Руди Гобер од Јута џез е заразен со Коронавирус, и тоа непосредно пред стартот на мечот меѓу Џезерите и Оклахома сити тандер што требаше да се одигра на 11 март.

- Оглас -

Најнови вести