Марк Маркез старо-нов светски шампион во МотоГП

Марк Маркез ја оствари осмата овосезонска победа во МотоГП, а со освојувањето на Големата награда на Јапонија, Шпанецот ја одбрани светската титула со недостижни 102 бода пред Андреа Довициозо. Маркез се изедначи по бројот на титули со Мика Дуан во МотоГП, има пет, а повеќе од него имаат само Валентино Роси – седум, и Џакомо Агостини – осум.

Ова беше прва шасна за Маркез да ја одбрани титулата, а го направи тоа токму на патеката од Хонда, „Твин ринг Мотеги“. За титулата, на Маркез му беше потребно да биде пред неговиот ривал Довициозо. Токму против италијанскиот возач се водеше битка за искачување на подиумот, а сѐ беше решено откако Довициозо излета од патеката на два круга пред крајот.

На второ место на трката заврши Карл Крачлои, додека на подиумот како трето пласиран се искачи Алекс Ринс.

Шампионатот во МотоГП продолжува следниот викенд, со трката за Големата награда на Австралија, на патеката „Филип Ајленд“.

 

- Оглас -

Најнови вести