„Марка“ тврди: Модриќ останува во Реал Мадрид за половина плата

На 40 дена пред истекот на актуелниот договор, Лука Модриќ и Реал Мадрид се договорија за продолжување на соработката за уште една сезона. Ваквата информација ја пренесува шпанскиот весник „Марка“, кој е близок до раководството на Кралскиот клуб.

Според Шпанците, Лука Модриќ прифатил да биде резерва, но и намалување на платата за половина само за да остане во Реал Мадрид и тука да се пензионира, а главната цел му била да влезе во историјата на клубот и да биде капитен.

Хрватот имаше богати понуди од клубови од САД и Саудиска Арабија, но неговата желба е да остане во редовите на Кралевите. На крајот од новиот договор, Модриќ би имал 39 години, но нема никаква најава дека ќе се пензионира следното лето.

Модриќ со Реал Мадрид освои пет титули во Лигата на шампионите и четири во првенството на Шпанија, а еднаш беше добитник и на Златната топка.

- Оглас -

Најнови вести