Марканен ја уништи Хрватска и ја однесе Финска во четвртфинале на ЕП

Финска ја победи Хрватска со 94-86 и ќе биде противникот на Шпанија во четвртфиналето на Евробаскетот.

Ова е изненадувачки резултат, но Хрватите беа немоќни против Лаури Марканен кој постигна дури 43 поени, а имаше и девет скока. На крајот на третата четвртина, Марканен даде кош за водство, иако Финска за напад имаше само 0,1 секунди до крајот на периодот. Тој кош може да го видите Тука.

- Оглас -

Најнови вести