Марко Митев успешно опериран по тешката повреда на коленото

Еден од најдобрите македонски ракометари, Марко Митев, се соочи со сериозна повреда во првиот натпревар против Словенија во квалификациите за Европското првенство. Средниот бек на Македонија и Алкалоид го повреди десното колено и мораше да се подложи на операција на лигаментите.

Операцијата помина успешно, но пред Митев следува долг период на рехабилитација. Од вакви повреди заздравувањето обично трае минимум шест месеци, а неговото враќање на теренот би можело да се случи на почетокот на следната сезона.

Алкалоид ќе мора да игра без него во клучните моменти на сезоната, во борбата за титулата во Суперлигата и за завршницата во ЕХФ-купот.

- Оглас -

Најнови вести