Маркос Алонсо се враќа во Мадрид, ама не во Реал

Маркос Алонсо ќе биде едно од првите засилувања на Атлетико Мадрид во новата сезона откако, според „Марка“, двете страни се договориле за соработка.

Атлетико Мадрид му го продаде Лукас Ернандес на Баерн Минхен за рекордни 80 милиони евра, па сега најде замена за францускиот репрезентативец, а останува само да се официјализира договорот со Маркос Алонсо.

Левиот бек на Челзи играше за Реал Мадрид и тоа само еден меч во 2010 година, а потоа играше за Болтон, Фиорентина, Сандерленд и сега во Челзи, екипата со која е актуелен освојувач на Лигата на Европа.

 

- Оглас -

Најнови вести