6716 – Турција – Хрватска (20:45)
Репрезентациите на Турција и Хрватска се очекува да одиграат доста изедначен дуел, на кој сепак ќе бидат постигнати голови. Хрватска не го започна квалификацискиот циклус како што посакуваше и на гостувањето во Турција ќе мора да игра офанзивно и да се обиде да победи. На спротивната страна, селекцијата на Турција стартуваше со победа на гости во Ерменија, а сега ќе се обиде на домашен терен да ја изненади бронзената селекција од последното Светско првенство.
Предлог тип: 1-2I&1-2II (2,80)
6715 – Швајцарија – Израел (20:45)
Репрезентацијата на Израел во првото коло одигра лош натпревар против Косово на домашен терен, а сега оди на гости кај Швајцарија, која одигра маестрален меч против Белорусија, на кој победи со 5-0. Домашната селекција не би требало да има поголеми проблеми да победи на овој натпревар.
Предлог тип: 1 & 1+I&1+II (2,03)
6719 – Германија – Белгија (20:45)
Репрезентациите на Германија и Белгија ќе одиграат пријателски натпревар на кој селекторите ќе имаат можност да видат со што располагаат во поширокиот ростер. Германија се подготвува за Европското првенство на кое ќе биде домаќин, додека Белгија е слободна во второто коло од квалификациите. Двете репрезентации нема што да чуваат или да бранат на овој меч и се очекува отворен фудбал.
Предлог тип: ГГ3+ (2,30)
6727 – Мароко – Перу (21:30)
Мароканците сензационално стигнаа помеѓу најдобрите четири на светот, но со победата против Бразил докажаа дека ништо не е случајно во фудбалот. Нивна нова жртва ќе биде репрезентацијата на Перу на нов пријателски натпревар, кој овојпат ќе се одигра во Мадрид.
Предлог тип: 1 & 0-3 (2,65)
6717 – Велс – Летонија (20:45)
Репрезентацијата на Велс одигра одличен натпревар на гостувањето во Хрватска и успеа да остане непоразена. Нивен следен противник е Летонија, против која не се очекуваат поголеми проблеми околу остварување на целта, а тоа е освојување на три поени.
Предлог тип: 1 & 3-5 (2,13)