-2.2 C
Skopje
понеделник, 19 јануари 2026

Мароко се заканува со тужби, но и со бојкот на Мундијалот 2026?!

Фудбалскиот сојуз на Мароко не може да се помири со фактот дека го загубија скандалозното финале против Сенегал од Африканскиот куп на нации, па сега се преземаат мерки за службена победа.

Веќе е упатена жалба со барање за службен резултат поради повлекувањето на Сенегал и прекинот од 17 минути, а од ФС на Мароко се закануваат дека ќе ги тужат и ФИФА и ЦАФ доколку одлуката не биде во нивна корист.

Заканите одат дури дотаму што Мароканците се закануваат и со бојкот на Светското првенство во САД, Канада и Мексико, што сигурно би предизвикало вистински земјотрес во светот на фудбалот.

Евентуален бојкот, што е малку веројатен, сигурно би повлекол и големи последици за Мароко, бидејќи оваа земја заедно со Шпанија и Португалија ќе бидат домаќини на следниот Мундијал во 2030 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести