Марсеј два меча без најверните и казна од 50.000 евра

Дисциплинската комисија на Лига 1 го казни Олимпик Марсеј со 50 илјади евра, но и два меча со затворен дел од стадионот „Велодром“, односно трибината каде што стојат најверните навивачи на клубот. Оваа казна следува по недоличното однесување на Ултрасите на Марсеј, кои на дербито против ПСЖ користеа пиротехника и фрлаа предмети на теренот.

Марсеј на следните два натпревари ќе нема вообичаена поддршка, уште викедов против Дижон стадионот ќе биде полупразен, а така ќе биде и против Ремс, мечот кој ќе се игра по завршувањето на репрезентативната пауза, на втори декември.

Францускиот клуб вечерва гостува на „Олимпико“ во Рим, каде што против Лацио ќе го одигра мечот од четвртото коло од групната фаза во Лигата на Европа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести