Марсеј го искористи киксот на ПСЖ и ја направи понеизвесна трката за титулата

Фудбалерите на Олимпик Марсеј го совладаа Оксер на „Велодром“ со 2:1 во рамки на 33-то коло од Лига 1 и ја вратија неизвесноста во трката за титулата.

Киксот на ПСЖ кој загуби од Лориен со 1:3 и тоа на домашен терен, му даде шанса на Олимпик Марсеј со победа да се приближи на само пет бода негатива во однос на Светците и на пет кола до крајот да ја направат понеизвесна трката за титулата.

Иако домаќинот офанзивно го започна натпреварот, Оксер им зададе многу повеќе проблеми отколку што очекуваа. Гостите го замолкнаа „Велодром“ во 33-та минута кога по изведениот корнер, голманот на Марсеј, Пау Лопез ја одби топката до Бирама Туре, кој потоа ја смести во мрежата.

По примениот гол, играчите на Олимпик Марсеј тргнаа на сè или ништо, но не можеа да најдат начин како да ја пробијат организираната одбрана на Оксер. Сепак, тоа им успеа во 75-та минута кога Ченгиз Ундер го израмни резултатот, а само две минути подоцна, Алексис Санчес погоди за целосен пресврт и победа на Олимпик Марсеј.

- Оглас -

Најнови вести