Марсеј и Шалке немаат намера да застанат со победите

Марсеј – Брест (Фудбал, Франција, 20.45 часот)

Тимот од големото пристаниште на југот на Франција, влезе во вистински ритам, од последните пет меча загуби само еднаш и тоа од ПСЖ. Интересно е што на сите четири мечеви кои ги доби, Марсеј даваше по два гола. Марсеј е втор со осум бода помалку од лидерот ПСЖ. Брест е во спротивна ситуација, на три меча по ред не знае за победа и се наоѓа на 13-то место. овие тимови шест години не играле меѓусебе.

Предлог тип 1 & 3+ (2.35)

 

Селта – Валјадолид (Фудбал, Шпанија, 21.00 часот)

Селта во минатото коло прекина црна низа од пет порази по ред, но тоа не е гаранција дека се излезени од кризата. Само Еспањол и Леганес се под Селта на табелата. Ниту Валјадолид не блеска, 14-ти е, со тоа што има три порази и две победи на последните пет меча. Традицијата најавува дека двата тима ќе дадат гол и дека може да биде ефикасен меч со најмалку три гола.

Предлог тип: 3+ (2.28)

 

Шалке – Унион Берлин (Фудбал, Германија, 20.30 часот)

Сезонава Шалке ретко губи, најчесто наизменично победува и игра нерешено, па затоа е петти на табелата. Унион Берлин е во позитивна серија, има пет победи по ред во сите натпреварувања, од кои најзначајна беше последната против Борусија Менхенгладбах, што им дава потстрек. Но, Шалке ретко губи дома, а берлинци ретко победуваат на страна, па затоа им даваме предност на сино-белите. Овие тимови не играле меѓусебе официјален меч, цели 18 години.

Предлог тип: 1 (1.73)

 

Свонси – Фулам (Фудбал, Англија Чемпионшип, 20.45 часот)

Лебедите во последните три кола освоија два бода, но шести се на табелата, само два помалку од третопласираниот Фулам. Лондонскиот тим пред ова гостување во Велс, загуби само едно од последните седум гостувања. Свонси не се прослави пред своја публика, од шест домашни дуели, доби еден. Ова се поранешни премиерлигаши, па затоа и последниот меѓусебен дуел го имаа во 2014 година, кога беа во англиската елита.

Предлог тип: 2-3 гола (2.03)

 

Херенвен – Витесе (Фудбал, Холандија, 20.00 часот)

Витесе има четири порази по ред, а Херенвен игра променливо, во последните три кола имаше по една победа, реми и пораз. Витесе има проблем и со повредени играчи, па и тоа придонесува за лошите резултати кои го оддалечија од врвот на табелата и падна на петта позиција. Во минатата сезона, двата меѓусебни дуели на овие тимови завршија нерешено, со голови на двете страни. Херенвен од 2015 година не победил на свој терен против Витесе.

Предлог тип: Т2 1-2 (1.56)

 

Квоти на денот во обложувалниците Sport Life се:

Шалке – Унион Берлин Т1 1+I & Т1 2+ (2.30)

Марсеј – Брест 1 & 2-4 (2.35)

Селта – Валјадолид 1Х & ГГ (2.65)

- Оглас -

Најнови вести