Марсеј израмни неславен рекорд на Андерлехт во Лигата на шампионите

Олимпик Марсеј и во третото коло од групите во ЛШ претрпе пораз, овојпат на гости од Порто со 3-0. Тимот кој го предводи Андре Вилаш-Боаш не знае за победа или реми во најелитното меѓународно натпреварување во веќе 12 натпревари во низа.

Ваков неславен рекорд оствари само белгискиот гигант Андерлехт, а сега и Марсеј се придружи во оваа категорија.

Низата на трофејниот француски клуб почна со пораз од Интер со 1-2, на двапати загуби од Баерн Минхен, Арсенал, Борусија Дортмунд и Наполи, а по еден пораз претрпе од Манчестер сити, Олимпијакос и вечерва Порто.

Во 12-те последователни порази Марсеј оствари негативна гол-разлика од 6-27.

- Оглас -

Најнови вести