Марсеј со сериозен интерес за Столе Димитриевски, но Валенсија сака да го задржи до 2028

Столе Димитриевски на најдобар можен начин ја заврши сезоната во дресот на Валенсија, со победа од 3:1 на свој терен против актуелниот шпански првак Барселона. Чуварот на мрежата на македонската репрезентација прими еден гол, но имаше неколку фантастични одбрани и беше еден од најзаслужните за победата.

При водство на Валенсија од 2:1, Димитриевски имаше неколку фантастични одбрани. Во последните неколку месеци, Столе е стандарден на голот на Валенсија, а со своите одбрани покажа дека е еден од најдобрите голмани во лигата.

Толку поради добрата форма, 32-годишниот Димитриевски се најде во фокусот на вниманието на францускиот гигант Олимпик Марсеј. Повеќе европски портали пренесуваат дека Олимпик Марсеј се интересира за доведување на Димитриевски.

Сепак, и во Валенсија знаат дека Столе е во одлична форма и дека мора да го чуваат, па затоа шпанскиот тим се погласно размислува да ја искористи клаузулата и да го задржи Димитриевски до јуни 2028 година.

- Оглас -

Најнови вести