Марсело е принуден на имиџот со фризурата, не сака да го споредуваат со негов сонародник (фото)

Тој веќе 13 години ги брани кралските бои и еден од светската класа на бекови, со сигурност нема фудбалски фан што не го познава Марсело. Бразилецот долги години игра на врвно ниво и речиси немаше конкуренција во Реал до доаѓањето на Ферлан Менди.

Кога се спомнува името на Марсело, веднаш асоцира на лев бек со техника да биде офанзивец, но многумина го препознаваат и по имиџот со фризурата. Афро стилот е негов синоним, но се чини дека е принуден да ја носи таа фризура бидејќи во минатото луѓето го грешеле со негов сонародник и поранешен соиграч, Робињо.

Марсело во 2007 година, кога потпиша за Кралевите, во Мадрид дојде со кратка коса, односно слична фризура како Робињо, па често го мешале со тогашната ѕвезда на Реал, кој подоцна заигра за Манчестер сити. Некои дури и мислеле дека се враќа, а според овие фотографии, може да се види дека Марсело и Робињо навистина личат.

- Оглас -

Најнови вести