Марсело го измами Рамос и асистираше за пораз на Реал (Видео)

Тотенхем го победи Реал Мадрид со 1-0 во првото полуфинале на Ауди купот во Минхен, а Баерн Минхен и Фенербахче ќе играат во второто полуфинале на турнирот кој ќе заврши утре со финале и меч за трето место.

Реал има три порази на четирите подготвителни меча летово, а овојпат беше надигран од екипа чие првенство почнува една недела пред шпанското. Стрелец на голот беше Хари Кејн, кој го искористи подарокот од Марсело. Бразилскиот лев бек сакаше да спречи одење на топката во аут, но тоа го направи лошо, го лобуваше Серхио Рамос, овозможувајќи му на Кејн да излезе сам пред голманот Кејлор Навас. Инаку Навас беше најдобар играч на Реал и спречи потежок пораз.

https://www.youtube.com/watch?v=02chrWEd_mY

- Оглас -

Најнови вести