Марсело вечерва има можност да влезе во елитен клуб во кој има само 13 фудбалери

Бразилскиот репрезентативец Марсело (35) вечерва може да ја заокружи блескавата кариера со уште еден трофеј со кој би влегол во елитен клуб во кој има само 13 фудбалери.

Тимот за кој игра Марсело, Флуминенсе вечерва од 21 часот на легендарната „Маракана“ во Рио де Жанеиро игра во финалето на Копа Либертадорес против Бока јуниорс.

Доколку бразилскиот тим триумфира вечерва, тоа ќе биде прв трофеј во најквалитетното јужноамериканско клупско натпреварување, а Марсело би станал само 14-тиот играч во историјата на фудбалот кој би ги освоил двата највредни клупски трофеи, Лигата на шампионите и Копа Либертадорес.
Бразилецот како член на Реал Мадрид дури петпати триумфира во Лигата на шампионите.

Досега единствени фудбалери кои триумфирале во Лигата на шампионите и Копа Либертадорес се Пабло Сорин (Јувентус и Ривер плата), Дида (Милан и Крузеиро), Роке Жуниор (Милан и Сао Пауло), Кафу (Милан и Сао Пауло), Карлос Тевес (Манчестер јунајтед и Бока јуниорс), Валтер Самуел (Интер и Бока јуниорс), Роналдињо (Барселона и Атлетико Минеиро), Нејмар (Барселона и Сантос), Данило (Реал Мадрид и Сантос), Рафиња (Баерн и Фламенго), Оскар Рамиреш (Челси и Фламенго, Давид Луис (Челси и Фламенго) и Хулијан Алварес (Манчестер сити и Ривер плата).

- Оглас -

Најнови вести