Март за мерак на капитенот, по 400 во Серија А, Пандев ќе слави стотка во националниот тим

Март е месец на Горан Пандев, а по вредниот јубилеј во Серија А и 400-тиот меч во Калчото, сега на ред е и стотката во националниот тим.

Најдобриот македонски играч во овој век досега има 99 настапи, а стотката ќе ја прослави против Летонија на 21-ви март во Скопје, на стартот од новиот квалификациски циклус за настап на Европското првенство.

„Би сакал во Скопје да биде полн стадионот, токму и поради Пандев. Тој е величина во европскиот фудбал и би било убаво да го поздрави публиката за стотиот меч. Кога може во Италија илјадници луѓе со овации да го поздрават неговиот прекрасен јубилеј од 400 меча, тогаш не гледам зошто не би било исто и кај нас. Пандев апсолутно заслужува такви моменти“, вели селекторот Игор Ангеловски.

Ветеранот сè уште игра, и тоа одлично за Македонија, а против Летонија ќе слави прекрасен јубилеј како рекордер заедно со Гоце Седлоски според бројот на настапи во А-селекцијата.

- Оглас -

Најнови вести