Мартинес доби два жолти картони, но не беше исклучен поради интересно правило на ФИФА и УЕФА

Астон вила се пласира во полуфиналето на Лигата на конференции откако по подобро изведување на пеналите, беше подобра од Лил и тоа благодарение на најдобриот голман од СП 2022 година, Емилијано Мартинес, кој беше во центарот на вниманието на јавноста и поради друга причина.

Аргентинецот освен што им одбрани два удари на играчите на Лил од белата точка, доби два жолти картони, но не беше исклучен. Првиот жолт картон го доби во 39-тата минута поради задржување на играта, а вториот во пенал-рулетот, и тоа поради провоцирање на домашните навивачи.

Martinez yellow card vs Lille in the penalty shootout
byu/Chelseatilidie insoccer

 

Но, тој не беше исклучен поради правилото на ФИФА и УЕФА кое вели дека ако играчот добие жолт картон за време на 90 или 120 минути игра, тој картон не се пренесува во пенал-рулетот.

Поради ова правило, Мартинес не заработи црвен картон и со два одбранети удари ја однесе Астон вила во првото европско клупско полуфинале од 1982 година.

- Оглас -

Најнови вести