Лидери се во Регионот на поранешна Југославија – Динамо Загреб сака да купи Аргентинец за шест милиони евра

Динамо Загреб е одлучен во намерата да ја одбрани титулата во Хрватска и по ангажманот на Петaр Бочкај од Осиек за 3 милиони евра, сега сака да купи напаѓач од Аргентина.

Цел на популарните Модри е Мартин Оједа, офанзивец на Годој Крус, кој има 23 години и чини околу шест милиони евра.

Аргентинските медиуми објавија дека Динамо е во пол-позиција во трката со Орландо, клуб од МЛС-лигата.

На подрачјето на поранешна Југославија ретки се ваквите трансфери и ако Динамо успее да го ангажира Оједа и да плати отштета од шест милиони евра, тоа би бил еден од највредните трансфери во регионот.

Интересно е што Оједа е во сопственост на два клуба, Годој Крус и Расинг, и тие би поделиле по 3 милиони евра ако се случи трансферот во Динамо Загреб.

 

 

- Оглас -

Најнови вести