Машина за голови: Алкасер со 10 гола во осум меча сезонава

Борусија Дортмунд го растури Баер Леверкузен во меч кој требаше да биде дерби во Бундес лигата. Пако Алкасер ја отвори серијата погодоци, кога во 28 минута ја затресе мрежата на гостите. Со овој гол, Шпанецот само ја продолжи одличната серија. Стигна до 10 погодоци сезонава, а дава гол на сите осум меча на кои играше. Седум гола даде за Борусија, а три пати беше прецизен во дресот на шпанската репрезентација.

Во вториот дел Милионерите постигнаа уште три погодоци и на крајот стигнаа до убедлив триумф. Во останатите мечеви кои се одиграа: Аугсбург – Ајнтрахт 2:1, Келн – Борусија М. 0:1, Мајнц – Херта 2:1, Унион Берлин – Вердер 1:2. Од 18:30 часот играат Лајпциг – Баерн Минхен.

 

- Оглас -

Најнови вести