Машки ги издржа трите нокаути со топка (Видео)

Вердер Бремен загуби со 3:1 на гостувањето во Берлин против Унион, пораз по кој екипата се најде само на еден бод од зоната за испаѓање. Ова беше петти пораз по ред на Вердер во првенството, а најболно сигурно му падна на Марко Фридел.

Не поради трите примени гола, туку поради трите удари кои Фридел ги прими во само неколку секунди во една од акциите на домаќините. Фридел најпрво беше погоден во меѓуножјето, а откако падна и се превиткуваше од болка, во серија доби уште два удари со топка.

Навистина необична и помалку комична ситуација, нормално не и за Фридел.

- Оглас -

Најнови вести