Маскерано и Верон повторно заедно

Хавиер Маскерано после авантурата во Кина, се врати во родната земја и потпиша договор со аргентинскиот клуб Естудијантес Ла Плата.

Маскерано стана член на Есту благодарение на убедувањата од страна на претседателот Хуан Себастијан Верон, со кого играа заедно со репрезентацијата. Екс фудбалерот на Барселона и Ливерпул имаше понуда и од САД, да се приклучи на Интер Мајами, но сепак ја прифати поканата од Естудијантес.

Маскерано има 35 години, а интересно е што тренер ќе му биде Габриел Милито, некогашен соиграч на Маске од Барса. Маскерано има 147 настапи за својата земја, а за осум години во Барселона, на 334 настапи даде само еден гол.

- Оглас -

Најнови вести