Маскерано: Треба сите да помогнеме, а излегува дека само фудбалерите мора да дадат пари

Хавиер Маскерано одигра седум одлични години во Барселона, во кои вкупно имаше 334 настапи за каталонскиот гигант. Во тој период Маскерано петпати беше првак на Шпанија, а се радуваше на трофеи и во Купот на Шпанија, Суперкупот на земјата, Лигата на шампионите, Суперкупот на Европа, а беше и Светски клупски првак.

Аргентинецот од неодамна се врати во родната земја и го облече дресот на Естудијантес, но поради пандемијата со Коронавирусот, успеа да одигра само еден меч во новиот клуб. Маскерано реши да зборува токму за моментот дека фудбалерите се најчеста цел на притисоци и осуда доколку јавно не донирале пари во борбата против опасниот вирус, а никој не ги спомнува луѓето од останатите сфери.

„Фудбалерите се лесна цел затоа што постојано се пишува за тоа колку пари заработуваат. Дојде време до тоа да е морално да дадат пари. Јасно е дека во ваква ситуација треба сите да помогнеме. Многумина не мора ништо ни да кажат, а помагаат. Многупати досега сум донирал и никогаш не сум сакал тоа да се дознае во медиумите. Тоа не се прави затоа што некој ќе ти каже, тоа се прави од срце“, вели Маскерано.

За потсетување, многумина фудбалери дадоа дури и по еден милион евра во борбата за Коронавирусот, а ретко кој бизнисмен или стопанственик се подаде да помогне, туку тие повеќе се жалат дека бизнисите им трпат загуби поради пандемијата.

- Оглас -

Најнови вести