Маслинко доминираше против Шкупи

Крилниот центар на МЗТ Скопје Аеродром, Андреј Маслинко, со 30 поени и 11 скока за 35 минути игра, беше предводник на „штрковите“ во триумфот од 103:63 над Шкупи.

За вицепрвакот, ова е прва победа сезонава, а големата разлика во квалитет, му овозможи на тренерот Кочов да одмори некои од главните играчи и да им даде шанса на резервистите. Не играа Соколов, Медфорд, Иванов и Симоновски, но веројатно ќе може да помогнат в среда против Ловќен во втората АБА лига.

МЗТ после 30 минути игра водеше со 79-37, но во финишот, чаирчани кои немаат ниту еден странец во тимот, малку ја ублажија катастрофата и сезоната ја почнаа со убедлив пораз.

Последните минути од третата, и првите минути од последната четвртина, беа клучниот период во кој Кожув го скрши отпорот на АВ Охрид. Гевгеличани победија со 92:81, и дојдоа до првата победа сезонава, додека „галебите“ имаат 0-2.

Пековиќ и Нацевски со по 17 поени, беа најефикасни во победничкиот тим.

- Оглас -

Најнови вести