Мата: Меси ако веќе доаѓа во Манчестер, треба да потпише за Јунајтед, а не за Сити

Во Манчестер јунајтед не сакаат да го видат Лионел Меси во дресот на Манчестер сити. Ова јавно го призна шпанскиот плејмејкер Хуан Мата.

„Се надевам дека Лео нема да потпише за Манчестер сити. Ако Меси се сели во Манчестер, тогаш се надевам дека ќе го избере клубот за којшто играм јас, а не другиот. Има многу шпекулации, но сум научил дека не треба да се фокусирам на работи кои не зависат од мене“ – вели Мата.

Договорот на Меси со Барселона истекува на крајот на јуни, и се шпекулира дека ако си замине, негова нова клупска средина ќе биде Пари Сен Жермен или Манчестер сити, како единствени клубови во Европа на кои парите не им се проблем.

- Оглас -

Најнови вести