Матео Ковачиќ го расплака Адеми со пораката која му ја испрати (Видео)

Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми по победата на Динамо од 1:0 над Риека, му кажа збогум на клубот во којшто помина дури 13 сезони. Адеми за овој период стана најтрофеен фудбалер во историјата на Динамо, а долги години беше и капитен. Пред заминувањето од Загреб, Адеми даде големо интервју за клупската страна на Модрите, а пораки му праќаа и поранешни негови соиграчи од Динамо.

Матео Ковачиќ е еден од најдобрите фудбалери во Хрватска. Како тинејџер започна во Динамо Загреб, направи трансфер во Интер, а потоа четири сезони помина во Реал Мадрид. Сега е дел од Челзи, а Ковачевиќ му упати убава порака на Адеми, по која македонскиот репрезентативец пушти и солзи.

„Аки, брате мој. Мило ми е што можев да бидам дел од твојата величествена кариера во Динамо и што можам да те наречам пријател. Знам колку ти значи Динамо и дека нема да ти биде лесно да го напуштиш. Покажа како треба да изгледа капитен на Динамо, секогаш си бил борбен и си имал страст. Ти благодарам што на помладите им покажа како треба да се однесуваат на теренот, но и надвор од него. Се надевам дека наскоро ќе се видиме“, беше пораката од Ковачиќ.

Целото интервју на Адеми може да го видите во продолжение.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести